САД ја зголемија наградата за информација за Багдади на 25 милиони долари
САД ја зголемија за два и пол пати (на 25 милиони долари) наградата за информација за локацијата на лидерот на Исламска држава, Абу Бакир ал-Багдади.
Програмата на Стејт департментот - Награда за правда претходно во 2011 година понуди 10 милиони долари за информација за апсење на Багдади.
Командантот на специјалните единици на ирачките вооружени сили, генерал-мајор Фадел Барвари изјави дека е позната местоположбата на Багдади и неговите постојани движења од едно место на друго.
- Багдади десет години лежи во ирачки затвори и властите имаат доволно информации за него. Сега тој се наоѓа во градот Ел Бааџ, западно од градот Мосул, во близина на границата со Сирија, истакна генералот.
Според него, лидерот на ИД се крие под земја и постојано се преместува.
- Тој го менува својот изглед, пушта брада или прави хируршки интервенции на лицето со цел да не биде препознат, наведува Барвари.
Багдади има ирачко потекло, а неговото вистинско име е Ибрахим ал-Самараи.
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера