САД ја предупредија Северна Кореја: Нуклеарен напад врз Јужна Кореја е неприфатлив
САД ја предупредија Северна Кореја дека секој евентуален нуклеарен напад врз земјата или нејзините сојузници би бил неприфатлив и би резултирал со крај на режимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Американската страна повторува дека секој нуклеарен напад на Северна Кореја против Јужна Кореја ќе биде дочекан со брз, силен и решителен одговор“, се наведува во денешното заедничко американско-јужнокорејско соопштение.
Втората консултативна група меѓу САД и Јужна Кореја за зајакнување на контролата врз нуклеарните активности беше одржана вчера во Вашингтон, јавуваат британските медиуми.
Јужна Кореја и САД се согласија до средината на следната година да ги завршат нацрт-насоките за заедничка нуклеарна стратегија, изјави претходно денеска по разговорите во Вашингтон првиот заменик советник за национална безбедност на Јужна Кореја, Ким Тае-Хјо.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани