САД ја изрекоа првата казна за вселенски отпад
Американската влада ја изрече првата казна на компанија за вселенски отпад што орбитира околу Земјата.
Би-би-си јавува дека федералната Комисија за комуникации (FCC) ја казнила компанијата „Dish Network“ со 150.000 долари затоа што не го оддалечила стариот сателит доволно далеку од другите што се уште се во употреба.
Компанијата ја признала својата одговорност за сателитот EćoStar-7. Вселенскиот отпад се однесува на делови од вселенски летала и стари сателити што остануваат во орбитата околу Земјата, но повеќе не се користат и затоа ги изложуваат другите вселенски летала со ризик од судар.
Компанијата„Dish Network“ требало да го оддалечи својот стар сателит на 300 километри од Земјата, но во 2022 година го поместила само за 120 километри, откако тој останал без гориво.
Ново на Сител
-
Бизнисот предложил ДДВ-то од 18 да скокне на 19,5%
-
Прекина бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
ДУИ за законот за јазици: 11 декември е денот кога ќе се смени се
-
ЛДП против интерпелациите
-
Обезбедувањето на Гаши во тешка сообраќајна несреќа
-
Продолжува бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, МОН бара јавноста да не прави притисок
-
Тик Ток летот на „Супермен“ што ги приземји македонските ученици со сериозни повреди