САД и Русија не поддржуваат прекин на огнот во Либија
САД и Русија соопштија дека во моментот не можат да ја поддржат резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации со која се апелира за прекин на огнот во Либија, тврдат неименувани дипломати.
Русија е против тоа што во британската нацрт-резолуција се обвинува генерал Калифа Хафтар за ескалација на насилството, поради напредувањето на неговата Либиска национална армија кон Триполи.
Од друга страна, САД не го образложија својот став за нацрт-резолуцијата, со која се бара од земјите кои имаат влијание врз завојуваните страни да обезбедат согласност за безусловен пристап на хуманитарната помош за Либија.
За усвојување на резолуцијата потребни се девет гласови и ниту една од петте постојани членки на СБ (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) не вложи вето.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите