Руски камерен концерт во Центарот за култура во Битола
Санктпетербургската куќа на музиката, „Россотрудничество“ и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија организираат камерен концерт во Битола на кој ќе настапат Алексеј Мелников на пијано и Владимир Устјанцев на саксофон.
На концертот, кој ќе се одржи вечер во 19 часот во Центарот за култура во Битола, ќе бидат изведени дела од Бетовен, Шопен, Витали, Франк, Албенис, Гершвин...
Концертот е поддржан и од почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, а влезот е слободен.
Овој концерт е дел од проектот „Амбасада на вештината“, основана по иницијатива на Министерството за култура на Руската Федерација и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура во странски држави. Во 2016 година се одржале 60 концерти во 22 држави во светот. Нејзина главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања и подготовка на млади руски музичари за меѓународни натпревари и фестивали.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис