Руски експерти ќе проверуваат македонски капацитети за извоз во Русија

Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор „Россељхознадзор", чиј стручен тим пристигна во Македонија, наредните десет дена ќе врши надзор над 12 наши производни капацитети од млечната и месната индустрија. Доколку оцени дека ги задоволуваат бараните стандарди, ќе им овозможи да стекнат дозвола за извоз во Руската Федерација.
Како што соопшти Македонско-руската стопанска комора, контролата ќе се спроведува во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) согласно Меморандумот за соработка потпишан на 4-ти јуни годинава во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ќе трае заклучно со 23-ти јули.
- Мисијата на оваа официјална десетдневна посета е проверка на македонските капацитети за производство на млечна и месна индустрија. Посетата е иницирана од страна на „Россељхознадзор", а контролата ќе биде спроведена во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, информира Комората.
Македонско-руската стопанска комора која во дел на активностите е насочена кон зголемување на извозот на македонски производи во Руската Федерација, оценува дека официјалната посета на делегација на „Россељхознадзор" и нивното директно запознавање со капацитетите во месната и млечна индустрија во Република Македонија е од исклучително значење за почнување извоз во овие гранки, како и огромна шанса за зголемување на вкупниот извоз на македонски производи во Руската Федерација што ќе овозможи поголема соработка и ќе резулира со зголемување на финансиските резултати.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
