Русија употреби хиперсонична ракета во Украина, властите во Киев бараат преговори, Кремљ тврди дека се вршат воени злосторства
Најмалку 9 лица загинале а уште 17 се повредени во последното гранатирање на периферијата на украинскиот град Запорожје. Заменик градоначалникот тврди дека руските војници напаѓаат со тешка артилерија, хеликоптери и ракетни системи.
Во градот е прогласен полициски час кој ќе трае до понеделник. Запорожје во моментов е клучно прибежиште на украинските цивили но и воени сили кои се повлекуваат од марипоплската област која Русија ја држи во тесен обрач.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русите го прекинале пристапот на Украина до Азовското Море.
Борби се водат и црноморското крајбрежје во Миколајивската област каде според информациите кои што ги пренесуваат западните медиуми загинале најмалку 40 украински војници. Руската армија потврди дека во напад на подземно складиште за муниција во источниот дел на Украина користеле најново хиперсонично оружје кое не може да биде детектирано од противракетните системи.
Украинскиот претседател во видео објавено ноќеска на социјалните мрежи повика на преговори.
Кремљ обвинува дека украинските сили вршат воени злосторства во градовите на Донбас кои се под непрекинати ракетни и артилериски напади. Ова Путин лично му го соопштил на францускиот Претседател Макрон со кого вчера телефонски разговарал.
Одговарајќи на загриженоста изразена од Емануел Макрон, претседателот на Русија уште еднаш нагласи дека за време на специјалната воена операција, руските вооружени сили прават се што е можно за да ги спасат животите на цивилите, вклучително и со организирање хуманитарни коридори за нивна безбедна евакуација – стои во соопштението објавено од Кремљ.
Телефонски разговор вчера имаа и американскиот претседател Бајден и кинескиот Си Џипинг. Белата куќа соопшти дека Бајден ја преупредил Кина дека ќе се соочи со последици доколку ја поддржува Русија а кинеските медиуми јавија дека Џипинг прецизирал дека украинската криза е нешто што Пекинг не сака да го гледа.
Светските медиуми го пренесуваат и видеото од спојувањето на руската капсула Сојуз со Меѓународната весенска станица и прегратките на американските и руските комнаути кои носеа опрема во боите на украинското знаме.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар