Балкан
2. јуни 2017 - 11:50

Русија укина серија ограничувања за увоз на производи од Турција

Рускиот премиер Дмитриј Медведев потпиша декрет за укинување на серија ограничувања за увоз на продукти од Турција, а документот е објавен на сајтот на руската Влада, јави ТАСС.

Од забранетата листата се исфрлаат замрзнати продукти од пилешко месо, други производи од живина, свежи и конзервирани краставици, јаболка, круши, грозје и јагоди.

Се укинува и забраната за извршување на одредени работи и пружање услуги од организации, кои се наоѓаат под јурисдикција на Турција или под контрола на турски државјани и органзиации. Станува збор за градежни фирми, туристички агенции и хотели, компании во дрвопреработувачката индустрија, спроведување технички истражувања и анализи. 

На турските компании им се дозволува и да обезбедувата услуги за државните и општинските потреби. 

Од 1 јануари 2016 година поради влошувањето на политичките односи, Русија воведе забрана за увоз на серија земјоделски производи од Турција.