До Центар за јавно здравје Куманово пристигнала една пријава за заболен ученик од шуга, преземени сите мерки во училиштето
Во Центарот за јавно здравје Куманово потврден е еден случај на заболен од шуга од Романовце, информираа денеска од јавната здравствена установа. Станува збор за ученик од основно училиште „Кирил и Методиј“ од село Романовце. За останатите, нема потврда дека се заболени од шуга. Епидемиолозите смируваат дека простор за паника нема, во училиштето се преземени сите мерки за дезинфекција.
- Во тек на денешниот ден пристигната е пријава за заразна болест-шуга за еден ученик во училиштето во Романовце. Направен епидемиолошки увид во училиштето каде што се дадени и препораки изолација на заболениот ученик, третирање и лекување до целосно закрепнување, третирање на членовите на семејството, засилена одржување на хигиената. Во просториите на училиштето е спроведена дезинфекција, дезинфекција по епидемиолошки индикации од страна на службата на ЦЈЗ Куманово. Сестрата на ученикот е во изолација, во моментот не е заболена. До нас има само една пријава. Контактирав со родителите на останатите отсутни ученици. Според информации на родителите досега никој од учениците на развил симптоми на болеста, простор за паника-нема, изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Куманово.
Во училиштето се доставени средства за дезинфекција.
Шугата се карактеризира со интензивно чешање, кое вообичаено е интензивно преку ноќ, видливи се кожните промени меѓу прсти на рацете, стапалата, стомакот, пазувите. Најзначајно е да се одржува хигиената на високо ниво, но лекарите предупредуваат дека паразитот може да опстане 72 часа. Важно е да се пере облеката, постелнината на повисока температура, секој член на семејството да има посебна постелнина. Лани, на подрачјето на Центарот за јавно здравје кој ги покрива шестте општини од североисточниот регион имало 119 заболени, најчесто на возраст од 10 до 14 години, но имало и 22 заболени над 60 години. Најмалку заболени имало кај малите деца од две и пет години. Минатата година најмногу заболени имало во октомври, а најмалку во август. Болеста ги зафаќа сите слоеви на општество, без оглед на пол, возраст, раса...
Ново на Сител
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро
-
Платформата на “СКОПСКО” продолжува со својата мисија за заштита на нашите природни богатства
-
Помалку превезени патници во патниот превоз во последниот квартал од 2024 година
-
Поевтинува Мазутот, цената на бензините останува иста