Балкан
18. February 2025 - 20:15

Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез

Земјотрес со јачина од 5 степени беше регистриран кусо пред 19 часот по локално време во морскиот дел северозападно од грчкиот полуостров Пелопонез.

Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион, односно во северозападниот дел на Пелопонез, како и на островите Лефкада и Закинтос, а засега нема информации за повредени или материјална штета.

Грчкиот сеизмолог Герасимос Пападопоулос на социјалните мрежи коментираше дека конкретниот регион „има значајно сеизмичко минато“, со оглед на тоа што во 1988 година бил регистриран земјотрес од 6 степени, со епицентар во близина на денешниот земјотрес.