Свет
11. February 2016 - 9:09

Русија предложи прекин на огнот во Сирија од 1 март

Русија предложи прекин на огнот во Сирија од 1 март, изјави денеска западен официјален претставник, јави БТА.

Тој сепак нагласи дека не била постигната спогодба за рускиот предлог. 

Според изворот САД имале забелешки за неколку елементи од предлогот на Москва.