Бизнис
20. July 2015 - 12:05

Русија ја замени Кина како рај за инвеститори меѓу земјите од БРИКС

Русија годинава се проби на прво место меѓу земјите членки на групата БРИКС како најдобра за инвестирање, надминувајќи ја Кина, наведува Блумберг. 

Русија има голем потенцијал ако политичките ризици продолжат да се намалуваат, се наведува во соопштение на инвеститорите од „Просперити капитал менаџмент“. 

- Нашите модели кажуваат дека е потребно да се инвестира во Русија, изјави шефот на компанијата Тим Лав. 

Според податоците на аналитичарите, акциите на руските емитенти се оценуваат пониско во споредба со останатите земји од БРИКС, но тие може да донесат многу поголе приход.