Азески: Да одиграме многу внимателно во 2025 година за да немаме тешки последици
Ако прекинеме со непродуктивните трошења, ако Владата се определи да им помогне на локалните самоуправи, да им даде евтини кредити на компаниите и да гарантира за нив за да поведат инвестициска активност, ако фирмите со намалување на банкарските камати во редовното работење добиваат таква шанса, ако капиталните инвестиции се дигнат на 800 милиони како што не биле досега и ако се проектираат дополнителни средства во Буџетот за економски програми кои лани биле 40, а годинава 80 милиони, тогаш можеме да очекуваме раст од 3,7 отсто, како што се прогнозира, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Азески, пред состанокот на Управниот одбор на Комораскиот инвестициски форум (КИФ) што се одржува во Скопје, порача дека земјава треба да одигра многу внимателно во 2025 година за да нема тешки последици. Добро е, оцени, инвестициската активност да биде поддржана од сите, а во функција на растот да се ангажираат и компаниите и локалните самоуправи и државата.
-Треба и сите максимално да бидеме одговорни за ситуацијата во која се наоѓаме. Растот на платите мора да биде врзан со растот на администрацијата и пензиите, со растот на БДП. Добра вест е што растот во третиот квартал е три отсто и тоа треба да се утврди како минимум кој ќе се бориме да го надоградиме зашто само тоа може да биде излез понатаму, изјави Азески.
Според него, треба конечно да креираме и различна структура на извозот со оглед на гео-економските случувања, зашто тоа ќе го намали ризикот од евентуалните последици. Во спротивно, предупреди, може да дојдеме до ситуација која ќе не чини.
Гасификацијата, конкурентната способност на извозните компании, иновативноста на производите, промената на законските решенија кои стојат со години, а треба да обезбедат подобра деловна клима, како и борбата против сивата економија, остануваат клучни приоритети за Комората.
-И покрај тоа што имаме позитивни сигнали како продолжување на инвестициската активност од странските и најава за почнување инвестициска активност од домашните компании со унгарскиот кредит, железницата,..., треба многу внимателно да одиграме. Мора да сфатиме дека ќе дојде момент кога некој ќе ја повлече новата геополитичка и геоекономска структура на друга страна. Треба да имаме мобилна економија и политички систем кои тоа ќе го амортизираат и ќе го префрлат на друг колосек, тоа е составен дел од ризикот со кој сите се соочуваме. Бизнисот е како велосипед, ако го вртиш ќе даде резултат, ако не, ќе падне. Ние сакаме да го забрзаме велосипедот зашто забрзувањето дава стабилност. Не можеме да програмираме стапка на раст од 1,2 или 1,8 и да бидеме задоволни. Треба да програмираме повиски стапки раст, но Владата да седне со социјалните партнери, да види како се прави тоа, а тоа се прави со јасно поставена цел, со луѓе и пари, укажа Азески.
Ново на Сител
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица
-
Рокас за случајот со Државна лотарија: Да оставиме правдата да зборува сама за себе
-
Лишени од слобода три лица, физички нападнале 26-годишник пред угостителски објект во скопскиот Градски парк
-
Челзи и Мудрик ќе соработуваат за да се утврди причината за позитивниот допинг тест на фудбалерот