Русија гради оргомен воен радар на Арктикот
Во 2017 година на архипелагот Новаја Земја во рускиот дел на Арктикот ќе биде пуштен во употреба радар со широк опсег, кој ќе може да идентификува воздушни и поморски цели на оддалеченост од неколку стотици километри, објави московскиот весник „Роскаја газаета“.
Повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Русија, весникот наведува дека изградбата на радарот е во тек, како и дека во негова близина ќе биде изградена и писта на која ќе може да слетуваат сите видови борбени летала.
Според весникот, станува збор за радарски систем кој има многу поголем опсег од класичните радари. Тој ќе има антенски систем долг пет километри и висок пет метри, кој ќе може да идентификува цели во воздухот на оддалеченост од 500 километри и објекти во морската шир на растојание до 400 километри.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење