РСБСП почна кампања „Без изговори“, за сите учесници во сообраќајот
„Без изговори“ е новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата која во декември и јануари ќе се спроведе во Скопје, Охрид, Гостивар,
Целта на активностите од кампањата која првично беше претставена преку билборди поставени на фреквентни места, е да влијае врз учесниците во сообраќајот преку директна комуникација и едукација со учесниците во сообраќајот и проверка на изговорите што тие ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата кога се во сообраќај.
Според РСБСП, големиот број на незгоди, повредени и загинати укажуваат на тоа дека на учесниците во сообраќајот им е неопходна дополнителна едукација за опасностите во сообраќајот и неопходноста од почитување на правилата за сите. Добар показател за ефектот што го имаат континуираните заложби за покревање на свесноста е намалувањето на сообраќајни незгоди со фатални последици за 10 проценти споредено со минатата година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи