Роман Полански нема да биде претседател на жирито за филмската награда „Сезар“
Познатиот филмски режисер Роман Полански (83) нема да биде претседател на жирито за престижната француска филмска награда „Сезар“, откако неговото именување предизвика гневна реакција и спротивставување на активистките за правата на жените.
Полански кој е Евреин од полско потекло, а има и француско државјанство и живее во Франција, беше назначен од француската Академија за кинематографја, за претседател на жири комисијата за годинешнава награда „Сезар“.
Таквото решение, прво го отфрли француската министерка за женски прашања Лоренс Росињол, која именувањето на Полански го означи како „шокантно“, а потоа, разните организации за женски права, се заканија со протести и бојкот во текот на доделувањето на наградата, предвидено за 24 февруари.
Во само неколку денови, до петокот, повеќе од 40 илјади потписи беа собрани на петицијата на интернет против именувањето на Полански.
Веднаш потоа, режисерот преку сопштение изјави дека не ја прифака понудата да претседава со годинешново жири и дека се повлекол од жири комисијата.
Роман Полански долги години се наоѓа на потерницата на правосудните власти на САД, каде е обвинет за силување на малолетничка.
Инцидентот се случил во 1977 година, кога режисерот имал сексуална врска со тогаш 13 годишно девојче.
Жртвата одамна го има пријавено Полански и против него е покренато обвинување. Во тоа време, тој бил уапсен од американската полиција, но бил ослободен со кауција. Излегувањето од затвор Полански го искористил за да побегне од САД.
Франција и Полска одбиваат да го екстрадираат Полански во САД.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека