Ристовски: Ќе се реконструира покривот на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при посетата на основното училиште „Гоце Делчев“ најави дека до идното лето покривот на ова ова училиште ќе биде реконструиран. Денешната посета, заменик министерот ја искористи да се запозне и со останатите потреби на наставниот кадар и родителите на учениците.
- Во претходни разговори со училишната управа и училишниот одбор ја констатиравме потребата од замена и поправки на покривот. Ова е особено важно затоа што на еден дел има сериозни оштетувања. Очекуваме, според договореното, локалната самоуправа да го достави проектот и тој да биде ставен во програмата на министерството.По изборот на компанија која ќе ги изведе работите, се надевам дека овој проект ќе биде завршен до крајот на летото идната година. Со ова, во иднина ќе се созадат и подобро услови за работа како на наставниците, така и за учениците, изјави Ристовски.
Придружуван од соработниците, заменик министерот го разгледа објектот во едно од поголемите образовни институции во Гостивар и оствари средба со родители на ученици кои му пренесоа некои барања за подобрување на условите во ОУ „Гоце Делчев“.
Ново на Сител
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина