Ринкевицс: Се надеваме дека Северна Македонија ќе биде новиот член на НАТО и ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Летонија, Едгарс Ринкевицс, по средбата со неговиот грчки колега Никос Коѕијас изрази надеж дека Договорот од Преспа ќе се финализира, со членство на Макеоднија во НАТО и ЕУ.
Во изјава за медиумите, шефот на летонската дипломатија рече дека земјата ќе ја нарекува Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
- Ние се надеваме дека процесот ќе се комплетира со членство на Северна Македонија и во НАТО и во Европската унија, дека прашањето ќе се реши и дека ќе имаме уште една држава членка, рече министерот за надворешни работи на Летонија.
Коѕијас му се заблагодари и на Ринкевицс лично и на латвиското претседателство со ЕУ (првата половина на 2015) за “тешките теми за кои разговарале, какво што е македонското прашање, за кое денес, благодарение на позицијата на тогашното претседателство, можевме да најдеме добри и креативни решенија”.
Шефот на грчката дипломатија се осврна и на употребата на уставното име во писмото од Трамп до Иванов, велејќи дека кога Договорот од Преспа ќе се ратификува во двете земји, тогаш земјата ќе се вика Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
-

Радичевски со најмногу гласови на предвремените избори во Брвеница
-

Мицкоски: СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните
-

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница
-

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618
-

Затворени гласачките места во Брвеница
-

ДИК: До 17 часот излезеноста во Брвеница 39,34 проценти, гласале 6.392 граѓани
-

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг - пробиена заштитната ограда
