Македонија
25. August 2024 - 16:38

Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот

Градоначалниците од источниот плански регион бараат финализација на десет годишниот проект за изградба на регионална депонија кај светиниколското село Мечкуевци. Процесот на затворање на депониите во руралните средини и помалите општини е во тек, но сега големи количини отпад се депонираат на се уште активните депонии, што претставува проблем и за јавните претпријатија и за граѓаните.

- Се надевам дека овие процеси ќе се откочат, ќе продолжат да функционираат во една забрзана динамика, затоа што навистина ова станува децениски проблем или проект кој многу се развлече и очекувам да имаме разлика во делот на помрднување на работите, конкретно, во изградба на новата регионална депонија, изјави Виктор Паунов, претседател на Совет на градоначланици на ИПР

Обврските кои ги имаше Министерството за животна средина се во крајна фаза на реализација и се чека Европската комисија да даде зелено светло за документацијата и тендерот за градба, кој треба да биде распишан во првата половина на идниот месец.

- Очекуваме изградбата на депонијата да заврши во рок од година и пол до две години, да се даде простор уште 6 месеци. Се работи за еден исклучително важен проект за државата и за источниот, односно, североисточниот регион на Р. Македонија и ќе бидат првите кои ќе имаат ваков проект, изјави Ана Лешкоска, заменик министерка за животна средина и просторно планирање

Во првата фаза општините добија камиони за транспорт на отпад, а сега се рапределувааат канти за смет и контејнери. Целиот проект е во висина од 40 милиони евра, од кои 85 % се средства од ИПА фондовите на ЕУ, а 15 % се од државниот буџет.