Фудбал
23. September 2017 - 14:26

Реанова и Шкупи го отвораат седмото коло во ПМФЛ

 
Со натпреварот меѓу Ренова и Шкупи кој ќе се игра попладнево ќе биде отворено седмото коло во Првата македонска фудбалска лига. 
 
Средбата која ќе се игра на Градскиот стадион во Тетово ќе започне од 15 часот и 30 минути термин во кој утре ќе се играат преостанатите четири натпревари од ова коло. 
 
Двојките за в недела се: Работнички - Академија Пандев, Силекс – Победа, Скопје – Шкендија и дербито меѓу Пелистер – Вардар. 
 
Табела: Шкендија 16 бодови, Академија Пандев 11, Вардар 10 (-1 натпревар помалку), Шкупи 10, Пелистер 8, Силекс 6, Работнички 5 (-1), Ренова 5, Победа 5 и Скопје 2.