Фудбал
16. August 2024 - 9:26

Реал ја крена цената на билетите на рекордно ниво

Шпанскиот фудбалски првак Реал Мадрид ги зголеми цените на билетите на рекордно ниво откако минатиот месец ја донесе француската ѕвезда Килијан Мбапе.

Новата сезона во Ла Лига стартуваше вчеравечер, а Реал својот прв натпревар на домашен терен ќе го игра за две недели против Ваљадолид. Цената на билетите за премиерниот дуел на „Сантијаго Бернабеу“ се движи од 95 и 210 евра.

Ваљадолид летово се врати од втората лига, а за натпревар против повратник во прволигашката конкуренција на „Сантијаго Бернабеу“ навивачите на Реал минатата сезона требаше да издвојат најмалку 55 евра.

Годишниот билет за најевтиниот сектор е 650 евра

Мбапе ова лето дојде во Реал без обесштетување, но финансиските детали околу платата на францускиот фудбалер не беа обелоденети.

Реал минатата сезона оствари приход од 1,07 милијарди евра, што е за 27 отсто повеќе од претходната сезона.