Македонија
26. September 2016 - 8:25

Разговори за уметноста со Игор Тошевски

Националната галерија на Македонија денеска во Чифте амам организира средба со уметникот  Игор Тошевски. 

Средбата е во рамки на дебатниот проектот „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност. На разговорот, покрај Тошевски, за изложбата и неговото творештво ќе говорат историчарот на уметноста  Владимир Јанчевски и кустосот во Националната галерија на Македонија Горанчо Ѓорѓиевски.

Изложбата „Помеѓу“ на  Игор Тошевски неодамна беше отворена во Чифте амам.