Македонија
16. November 2019 - 16:43

Расте бројот на случаи со насилство врз жени

Во последниве 5 години случаите за насилството врз жените во Македонија се зголемени од 25% до 60%, во зависност од средината, особено кај жените од ромска националност. Ова се резултатите од проектот „Јас можам“ кој 1 година го спроведува Националниот ромски центар во Кичево, Куманово, Велес, Прилеп, Кочани и Штип.

Овие случаи наместо да завршувале на суд тие или се заташкувале поради несоодветно функционирање на системот или се прекинувале поради страв на жртвата од повторување на насилството и немањето заштита. Најголем фактор за насилство останувала економската зависност на жените.

„Без оглед далии е ромка, дали албанка или македонка, 5 пати таа е претеапана од некој маж, а интервенција нема никаква. Причините се општата финансиска стабилност или сиигурност и затоа имаме и миигрирање и рани бракови и деца кои се раѓаат кај малолетници“, истакна Ашмет Елезоски, извршен директор на Национален ромски центар.

Кон тоа придонесувало и постоењето на луѓе фантоми кои немаат никаков документ.

„Кој до ден денес го чекаат законот за регистирање на тие т.н. фантоми. Мајката не е регистрирана, децата не се регистрирани и тука имаме комплетно нефункционирање на системот“, додаде Елезоски.

Премногу бил мал бројнот на жени коии бараат помош од институциите или НВО секторот кој работи со оваа проблематика. За 10 месеци во Прилеп пријавиле само 10 жени, a претпоставките се дека бројката е 8 пати повисока.

„Значи не е само физичкото и психичкото насилство. Тука е и економското насилство. Јас немам средства да се издржувам. Не знае дека има активни мерки кои посебно ги поддржуваат овие жени жртви на насилство за да добијата работа, значи да се обратат во локалните центри за вработување“, изјави Катерина Шоиќ, Национален ромски центар.

Од Националниот ромски центар бараат поголема ажурност на институциите и ги повикуваат сите жени кои претрпеле насилство веднаш истото да го пријаваат кај соодветните институции каде имаат и бесплатна правна помош.