Расте бројот на новозаразени, хоспитализирани, но и на оздравени од Ковид-19 во Албанија
Во Албанија продолжува трендот на голем број новозаразени со Ковид-19, хоспитализирани, но и на оздравени лица.
Како што информираше Министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатото деноноќие направени се 837 тестови на сомнителни случаи, при што позитивни на вирусот биле 156 од нив.
Според болничката статистика од изминатите денови од оваа недела произлегува дека во просек дневно имало по 145 новозаразени.
– Се зголемува и бројот на оздравени лица. Во изминатите 24 часа во списокот се внесени 88 или вкупно 4.184 од вкупно заразените 8.275. За жал битката со опасниот вирус во последното деноноќие ја изгубија пет пациенти или вкупно 245 до сега. Активни на болеста се 3.846 најмногу во Тирана или 1.954 и Драч 504 лица, се наведува во соопштението.
Исто така се додава дека во изминатите денови се зголемил бројот на лица на кои им е потребно болничко лекување. Во двете ковид болници се третираат 141 пациент или 20 повеќе споредено со пред два дена,при што 29 од нив се во тешка здравствена состојба.
Од почетокот на март до сега во Албанија направени се 55.272 теста.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши