Расте бројот на грипoзни во Кавадарци
Расте бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Само за една седмица во Центарот за јавно здравје во Кавадарци се евидентирани 319 грипозни лица. Oд почетокот на сезоната, досега, се евидентирани 396 пациенти со сезонски грип.
Епидемиологот Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје-Кавадарци истакна дека 51 грипозно лице биле регистрирани во Центарот во истиот период минатата година.
- Се очекува бројот на заболени од сезонски грип да расте пред и после празниците. Бројката со која располагаме можно е да е и поголема, со оглед на тоа што некои од грипозните се лекуваат само во домашни услови и не бараат помош од матичните лекари. А токму матичните лекари се тие кои ги пријавуваат кај нас случаите со грип, рече Јовановски.
Нагласи дека мерките за претпазливост остануваат на сила. Тој препорача да се избегнуваат масовни собирања во затворени простории, болните да се изолираат во домашни услови, физички да не се напрегаат и да пијат течности, негазирани сокови и витамини. Според него, доколку дојде до компликации, задолжително треба да се побара помош од матичен лекар, кој ќе препише и соодветна медицинска терапија.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат