Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
Во декември минатата година стапка на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто што претставува раст во однос на ноемвриските 5,8 проценти, додека на ниво на Еврозоната таа била 6,3 отсто и исто така бележи зголемување за 0,1 проценти поени споредено со претходниот месец, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.
На годишни ниво пак, декемвриската стапка на невработеност во ЕУ е намалена за 0,1 проценти поени, а во Еврозоната за 0,2 процентни поени. Во декември 2023 стапката на невработеност во ЕУ беше 6,0, а во еврозоната 6,5 отсто.
Според проценките на Евростат, на крајот на декември минатата година во ЕУ имало 12,978 милиони невработени, од кои 10,830 милиони биле во Еврозоната. Споредено со ноември 2024 година, бројот на невработени на ниво на ЕУ е зголемен за 94.000, а во Еврозоната за 96 илјади. На годишно ниво, бројот на невработени на крајот на минатата година во ЕУ е намален за 261.000, а во Еврозоната за 266.000.
Кога станува збор за невработени млади на возраст под 25 години, нивниот број во ЕУ изнесувал 2,927 милиони, а во Еврозоната 2,359 милиони. Со ова, стапката на невработени млади лица во вкупниот број на жители на ЕУ кои биле без работа во декември изнесувала 15 отсто, што претставува намалување од ноемвриските 15,2 проценти. На ниво на Еврозоната минатиот месец оваа стапка е намалена на 14,8 од 14,9 отсто регистрирани во ноември 2024.
Во номинални вредности бројот на невработени млади лица на месечно ниво лани во декември е намален за 9.000, а во Еврозоната за 18.000.
Меѓу жените во ЕУ стапката на невработеност минатиот месец изнесувала 6,1 отсто, а меѓу мажите 5,7 проценти и останала непроменета на месечно ниво и во двете категории. Во Еврозоната стапката на невработеност кај жените изнесувала 6,5 отсто, што претставува зголемување од ноемвриските 6,4 проценти, додека меѓу мажите невработени биле 6,1 отсто, што е на исто ниво како и претходниот месец.
Ново на Сител
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации