Loading Video...
Свет
7. February 2025 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател нареди санкции против Меѓународниот Кривичен Суд. Судот ја „злоупотребил својата моќ“ со издавање неосновани налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав галант, се вели во наредбата на трамп. Со санкции се соочуваат вработени во судот ангажирани на истраги против американски граѓани или американски сојузници како Израел.

Ќе добијат забрана  за  патување во Сад,а нивните финансиски средства и имот во Сад  ќе бидат замрзнати. Мкс со порака до Трамп - црвсто ќе стоиме зад својот персонал и ќе продолжиме да обезбедуваме  правда и надеж за милиони невини жртви на злосторства низ светот. Потегот на Трамп се заканува да ја поткопа меѓународната одговорност за најлошите злосторства и да ги лиши жртвите ширум светот од правда велат од Меѓунаордната комисија на правници.

Оваа извршна наредба ги става соединетите држави на страната на воените злосторници, на сметка на жртвите на тешките злосторства кои бараат правда. мислам дека во  светот има земји што веруваат во владеењето на правотот, што веруваат в правдаат и сега имаат обврска да застанат, да го поддржат судот повеке од кога било и да покажат дека само затоа што судот презел чекор што на соедините држави не им се допаѓа, не значи дека судот ќе биде  уништен,  изајви Рид Броди,член на Меѓународната комисија на правници.  .

Во судот членуваат  125 земји, но меѓу нив не  се   Сад и Израел. 

Грчкиот остров  Санторини продолжува да се тресе. земјотреси со јачина од 5 и 4,5 степени според рихтеровата скала беа регистрани утрово, кратко пред грчкиот премеир мицотакис да пристигне на Санторини. Мицотакис  ги повика оние кои се уште се на островот да останат смирени и да ги следат насоките на службата за цивилна заштита. Порака дека  властите ќе продолжат да ја селдат  состојбата и изрази надеж дека зголемената сеизмичка актиност брзо ќе запре. 

Санторини не е непознат за активните геолошки феномени. Токму тоа го набљудуваме во моментов, многу земјотреси со средна големина, кои во моментов не претставуваат реален ризик или реална опасност за островот.Разбирам дека кога земјата некако се тресе може да биде прилично стресно, но тие знаат дека ние стоиме, стоиме покрај нив.
Повеке од 10 000 жители и туристи го напуштија островот во последните денови. Во потресите нема загинати или повредени. а причинета е мала материјална штета.