Македонија
7. February 2025 - 16:45

Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше

Гоце Трајковски сведочеше за случајот со грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Како сведок предложен од обвинителството, беше испрашуван како се вклучил во потрагата. Трајковски рече дека со Александар иако му бил кум, не се виделе 15, 20 години но откао дознале за исчезнувањето, по иницијатива на неговата мајка, му се понудил за помош. По нивната средба тој се ангажирал целосно и заедно барале видео снимки од камери на околните дуќани и локали. Оделе по локаторот на телефонот на девојчето  кој му го покажал Александар, за да најдат некоја трага. 

Истакна дека имал другар кој работел во Сејф сити и од кого барал информација дали девојчето го има на било која камера од улиците. 

„Ми кажа дека цела полиција е вклучена и дека девојчето го нема како со хеликоптер да е земено. Нема појдовна точка за потрага. “

Трајковски кој заедно со Александар ги проверувале снимките, по што тој се  посомневал во возило цитроен кое  спород него, нетипично се движело во однос на другите коли. 

„По 3 часа ми се јави другарот од „Сејф сити“ и ми рече дека сум ненормален поради тоа што сум го нашол „цитроенот“. Тогаш ми кажа дека 3 дена го бараат тоа возило и дека е на исчезнат велешанец “ 

Трајковски во сведочењето истакна дека тој бил во комуникација и со инспекторите, од кои потоа добил насока да го следи однесувањето на таткото на Вања но и да направи проверка во неговиот дом. 

Гоце Трајковски на почетокот од судењето истакна дека добивал закани од како што рече членови на партијата Десна да внимава што зборува бидејќи ќе завршел во дупка. Со ова директно им се обрати на обвинетите во процесот дека им поднел пријави и дека не им се плаши.

Адвокатот на Љупчо Палевски побара изземање на судијата за пристрасно судење бидејќи судот не реагирал на навредите упатени од сведокот. Ваквото барање беше одбиено, а потоа адвокатот и обвинетиот Палевски упатија приговор. Следното рочиште е закажано за 14 февруари.