Распишан тендер за реконструкција на базенот на штипска Физикална терапија
Клиничка болница - Штип ќе го реконструира Одделението за Физикална терапија, кое се наоѓа кај бањата „Кежовица“. Директорката на штипската Клиничка болница, Елизабета Папарова информира дека е распишан тендерот за целосна санација на базенот во физикална терапија.
- Реконструкцијата ќе чини околу два милиони денари, а ќе се врши замена на вентилацијата, електриката, прозорците, како и на четири туш кабини, кои служат за хидро-терапија. Ова ни е едно од најатрактивните одделенија и за термин се чека и по неколку месеци, вели Папарова.
Таа додаде дека пред скоро два месеца Одделението за Физикална терпија доби и три нови современи апарати, со кои ќе се зголеми бројот на пациенти, а истовремено ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги. Во ова одделение во моментов со пациентите работат двајца специјалисти, а еден лекар е испратен на специјализација.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра