Распишан тендер за покривање на северната трибина на градскиот стадион
Општина Штип денеска распиша тендер за покривање на северната трибина на Градскиот стадион.
Како што ифнормира Александра Ангеловска, соработник за јавни набавки во Оопштина Штип, за изградбата на трибината општинскиот буџет предвидува 4.454.250 денари (без вклучен ДДВ) или над 5,2 милиона денари со ДДВ.
- Заинтересираните кандидати имаат можност во рок од 20 дена да достават документација и предлог-понуда по што ќе следи електронска аукција. Потенцијалниот изведувач ќе треба да го реализира веќе изготвениот проект за покривање на северната трибина на Градскиот стадион во Штип, рече Ангеловска.
Ова е нова инвестиција на Градскиот стадион, откако претходно локалната самоуправа постави комплетно нова дренажа за теренот и ја асфалтираше атлетската патека. Според Ангеловска, во соработка со ФФМ, поставени се и осум рефлектори со комплетно ново напојување и првпат може да се играат вечерни натпревари. Предвидено е и поставување нови столчиња, како и реконструкција на соблекувалните.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели