Работи како да не ти требаат пари, сакај како никогаш да не те повредиле, играј како никој да не те гледа!
Овој текст ќе ве натера да размислите за своите постапки и очекувања. Прочитајте, размислете и споделете со најблиските.
Се убедуваме самите себеси дека животот ќе ни биде поубав кога ќе се венчаме, добиеме бебе, а потоа уште едно бебе. Тогаш стануваме фрустрирани затоа што децата не се доволно големи и ќе бидеме позадоволни кога ќе пораснат. А, потоа, сме исфрустрирани што имаме работа со пубертетлии.
Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе излезат од тој период на животот. Си зборуваме сами на себе дека животот ќе ни се разубави кога на сопружникот ќе му дојде паметот на место, кога ќе купиме поубава кола, кога ќе бидеме во можност да заминеме на некое убаво патување или кога ќе се пензионираме…..
Вистината е дека не постои поубав миг за среќа од овој сегашниот. Ако не сега – кога?
Твојот живот секогаш ќе биде исполнет со некакви тешкотии.
Најубаво е тоа да си го признаеш и да решиш да ти биде среќен без оглед на се. Среќата е вистинскот пат. Затоа, чувај го секој миг кој го имаш, а чувај го уште повеќе затоа што си го споделил со некој кој е посебен, доволно посебен да би го минувал времето со него… и запомни дека времето никого не чека.
Затоа, престани да чекаш…
Да ја отплатиш колата.
Да купиш нова куќа или автомобил.
Да ти заминат децата од дома.
Да се вратиш на студии.
Да ги заврши студиите.
Да ослабиш 10 кг.
Да се попрaвиш 10 кг.
Да се ожениш/омажиш.
Да се разведеш.
Да добиеш деца.
Да заминеш во пензија.
Да дојде лето.
Да дојде пролет.
Да дојде зима.
Да дојде есен.
Нема подобар миг за среќа од овој.
Среќата е пат, а не цел.
Затоа:
Работи како да не ти требаат пари,
Сакај како никогаш да не те повредиле,
Играј како никој да не те гледа!
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети