Путин: САД ја критикуваат Русија заради Сирија, а одбиваат дијалог
Одлуката на официјален Вашингтон да ги попречи руските напори за дипломатско ангажирање во сирискиот проблем не е конструктивна и укажува на недостаток од волја за разговор, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.
Путин, на ваков начин, го искоментира тоа што администрацијата на американскиот претседател Барак Обама го отфрли предлогот да ја прими руската делегација на чело со премиерот Дмитриј Медведев на разговори за разликите кои САД и Русија ги имаат за прашањето на сириската криза, пренесе сајтот „Раша тудеј“.
-Верувам дека таквата позиција не е конструктивна. Слабоста на оваа позиција е во тоа што таа се темели на одсуство на план. Се чини дека тие немаат за што да разговараат, рече Путин во текот на средбата со претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, во Астана.
Путин во вторникот изјави дека Русија предложи во Москва да се оддржи состанок за Сирија на високо воено и политичко ниво, како и во Вашингтон да упати делегација на чие чело може да биде Медведев. Путин тогаш кажа дека од САД се уште нема одговор.
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, вчера изјави дека САД одбиле да испратат висока воена делегација во Москва на разговари за посериозна координација на борбата во Сирија.
Лавров рече дека предлогот го изнел рускиот претседател Владимир Путин во текот на посетата на Њујорк, кон крајот на септември.
Официјален Вашингтон соошти дека нема да преговара доколку Русија не престане да ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Ново на Сител
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп
-
Села бара "балансер" во МАНУ
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски
-
Парното по стара цена, за струјата се прават анализи
-
Познатиот кардиологот Игор Балевски дел од тимот во клиничката болница “Аџибадем Систина”
-
Со дигитализација против корупција – Македонија не држи европскиот чекор со дигитализацијата
-
Мицкоски: Правичната застапеност ќе го гарантира и бадентерот и правото сите да добијат вработување