Македонија
16. October 2024 - 19:58

15 цариници и 1 полицаец приведени во акцијата „Премин“ за примање поткуп

За поткуп од 20 до 150 евра цариници пропуштале стока без да напалаќаат увозни давачаки. 15 царински и еден полициски службеник се приведени во вчерашаната голема полицијата акција ПРЕМИН во струмичко гевгелискиот регион.

Од март минатата година до вчера осомничените  не правеле пресметка и наплата на увозните давачки, и со тоа го значително го оштетитле буџетот. Парите од поткупот ги делеле меѓусебе.

Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка што обвинителството во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР ја спроведуваше по доставена пријава од граѓанин против три лица.

Во текот на акцијата беа извршени претреси на 26 локации во Струмичко-гевгелискиот регион и притоа се лишени од слобода 14 царински службеници од Царинската управа на РСМ, еден пензиониран царински службеник и еден полициски службеник. При претресите се пронајдени парични средства што биле примени како поткуп, во вкупен износ од 50.000 евра, вели Гоце Андреевски портпарол на МВР

За шест осомничени јавното обвинителство бара притвор, а за останатите 10 мерки на претпазливост. Поднесена е кривична пријава за Примање поткуп за што е предвидена казна затвор од 4 до 10 години.