Македонија
16. October 2024 - 19:54

Со дигитализација против корупција – Македонија не држи европскиот чекор со дигитализацијата

Со дигитализација против корупцијата. Работната група денеска ги засука ракавите, со што започна да ја крои Националната стратегија за информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој. Стратегијата која се очекува да биде усвоена во првата половина на следната година, се темели на четири столба.

Прво ќе се развива дигиталната инфраструктура, но и ќе се зајакнуваат дигиталните вештини на граѓаните. Дополнително, со модернизација на јавните услуги и поддршка на дигиталната трансформација на бизнисите, иновациите и претприемништвото, властите очекуваат да се оствари целта - целосен дигитален еко систем.

„Оставена беше државата 7 години без стратегија, не сме ги искористиле можностите“.

Премиерот, кој воедно е и претседавач на работната група која ќе ја крои стратегијата, изјави дека врвен приоритет ќе биде да се обезбедат достапни и ефикасни услуги за борба против присутната корупција.

При креирање на стратегијата се очекува да се вклучат, експерти, бизнисот, граѓаните. Крајната цел е да се создадат услуги за граѓаните преку електронските алатки, а потоа и да се помогне за целосна дигитализација на бизнисот.