Свет
16. October 2017 - 19:10

Путин потпиша декрет за ограничување на Северна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој се воведуваат ограничувања за Северна Кореја.

Путин потпиша декретот со цел да ја усогласи политиката со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединети нации.

Резолуцијата за економските мерки е усвоена како одговор на ракетната проба на Пјонгјанг кон крајот на 2016 година.