Loading Video...
Свет
8. November 2024 - 12:27

Преглед на вестите од светот

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Доналд Трамп за избор на претседател на САД, тој тоа го изјави за време на состанокот на меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.

Она што беше кажано од негова страна за желбата да се обноват односите со Русија и да се придонесе за решавање на украинската криза, ми се чини заслужува внимание, додаде Путин.

Меѓународниот клуб за дискусија Валдај е здружение на водечките странски и руски експерти од областа на политички науки, економија, историја и меѓународните односи. 

 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека по прогласувањето на победата на изборите не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, но кажа оти „мисли дека ќе зборуваат“.

Тој во свето прво кадровско решение по победата на претседателските избори во вторникот, ја назначи својата поранешна менаџерка на кампањата Сузан Вајлс за шефица на кабинетот на Белата куќа – првата жена што ќе ја има таа улога.

– Сузи Вајлс штотуку ми помогна да постигнам една од најголемите политички победи во американската историја и беше составен дел од моите успешни кампањи во 2016 и 2020 година, се вели во изјавата на Трамп.

Тој ја опиша како „цврста, паметна, иновативна“ и рече дека и се восхитуваат и почитуваат многу луѓе.

САД предложија нов канал за „подигнување и дискусија за инциденти со цивилна штета“ со Израел во писмото испратено од државниот секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин минатиот месец, со што Израел на му се даде еден месец да преземе чекори за подобрување на хуманитарната ситуација во Газа или ќе се соочуваат со потенцијални ограничувања за воената помош на САД, изјави портпаролот на Стејт департменот Метју Милер. Притоа напомена дека Израел презел важни чекори во последните недели... и планира да отвори нов дополнителен премин во Кисуфиму во наредните денови.

Палестинците пребаруваат низ урнатините евентуално преживеани по воздушниот напад врз училиштето за раселени семејства во Газа рано утрово. Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 10 лица се убиени, а неколку други се ранети во нападот во бегалскиот камп Шати во градот Газа.

Израелските сили во четвртокот го засилија бомбардирањето низ Појасот Газа и наредија повеќе евакуации, создавајќи нов бран на раселување од северниот дел на Газа, на кој Палестинците стравуваат дека нема да можат да се вратат.

Неколку возилата беа оштетени во израелски град Хаифа утрово по ракетниот истрел на Хезболах.