Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, изјави дека демократите можеби ќе се снајдоа подобро на изборите доколку претседателот Џо Бајден порано се откажеше од својата кандидатура.
Пелоси, една од најмоќните политичарки во Вашингтон, изјави за Њујорк Тајмс дека доколку претседателот се откажал порано, можеби ќе имало други кандидати во трката.
Нејзините коментари се последниот пример на покажување прст внатре во Демократската партија, откако партијата ја загуби контролата врз Белата куќа и потенцијално двата дома на Конгресот на изборите.
Медиумите јавуваат дека Пелоси ги предводела разговорите меѓу демократите за убедување на Бајден да се повлече, што тој и го направи на крајот на јули по неколкунеделниот притисок и слабиот настап на дебатата со Доналд Трамп.
Откако Бајден ја заврши својата кампања, тој брзо ја поддржа потпретседателката Камала Харис како негова замена.
Пелоси тогаш за Њујорк Тајмс изјави дека очекувањата биле дека ако претседателот се повлече, тоа ќе овозможи отворени предизбори.
Отворените предизбори би вклучиле неколку демократски кандидати кои ќе се бореа за избор меѓу членовите на партијата за да станат наследник на Бајден во трката за Белата куќа.
Пелоси тврдеше дека Харис најверојатно ќе беше успешна во таков еден процес и дека тоа ќе ја направеше посилна во иднина. -Но, ние не можеме да го знаеме тоа. Тоа не се случи.
Живееме со тоа што се случи, рече конгресменката од Калифорнија, која беше реизбрана за својот 20-ти мандат во Претставничкиот дом.
„И бидејќи претседателот веднаш ја поддржа Камала Харис, тоа во тој момент ги направи предизборите речиси невозможни. Да се случеше порано, ќе беше поинаку“, оцени таа.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
