Путин и Си денеска ќе разговараат за стратегиското партнерство
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе разговараат на дваесетгодишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји. Разговорот ќе се спроведе преку видео врска, соопшти прес-службата на Кремљ.
На 28 јуни 2021 година ќе се одржи видео конференциска врска меѓу претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, по повод 20-годишнината од потпишувањето на руско-кинескиот договор за добрососедство, пријателство и соработка, наведува прес-службата на рускиот претседател.
Кремљ појасни дека двајцата претседатели ќе разменат честитки и ќе ја проценат моменталната состојба и изгледите за развој на стратешкото партнерство. Исто така, се планира да дискутираат за актуелни прашања од меѓународната агенда.
Русија и Кина имаат блиски деловни и политички врски. Пандемијата на коронавирусот влијаеше врз нивниот интензитет: лидерите на двете земји последен пат се сретнаа лично во ноември 2019 година на маргините на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) во Бразил. На 19 мај, Путин и Си, на конференција во видео формат, присуствуваа на церемонијата по повод почетокот на изградбата на седмата и осмата единица на нуклеарната централа Тијанван, како и на третата и четвртата единица на нуклеарната централа Ксудапу во Кина.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец