Путин го разреши шефот на претседателскиот кабинет Сергеј Иванов
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши својот догогодишен соработник Сергеј Иванов од должноста шеф на неговиот кабинет, а на негово место е назначен Антон Вајно, кој досега му беше заменик на Иванов.
Во претседателскиот указ на Путин, со кој Иванов се разрешува од должност, се посочува дека тој е назначен на друга функција, специјален претставник на претседателот за прашања за заштита на животната средина и транспорт.
Иванов во 1999 година беше назначен за секретар на Советот за безбедност на Русија, а во 2011 година беше именуван за министер за одбрана. Од 22 декември 2011 година ја вршеше функцијата шеф на кабинетот на претседателот
Во врска со смената на Иванов, Путин изјави дека тоа било негова желба. Иванов лично му препорачал на Путин, Вајно да ја преземе неговата функција.
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ