-->
-->
Путин: Ги идентификувавме лицата што ги сомничи Лондон, се работи за цивили
-->

Според Путин, како што јави телевизијата Русија Денес, се работи за двајца цивили, а не за руски агенти.
- Се надевам дека тие ќе контактираат со медиумите, ќе излезат и ќе раскажат се за себе, изјави Путин во Владивосток, каде учествува на Источниот економски форум.
Британската премиерка Тереза Меј и британското обвинителство ги посочија двајцата Руси, кои тие ги идентификуваа како Александар Петров и Руслан Боширов, како извршители на труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во март во градот Солсбери близу Лондон.
Британските власти објавија фотографии од двајцата Руси, за кои рекоа дека слетале во Лондон од Москва два дена пред труењето и ги обвинија дека се руски агенти.
Повеќе држави како САД, Франција и Канада се приклучија кон британските заклучоци и побараа од Русија да престане со напади врз западните држави
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите