Свет
11. March 2022 - 10:15

Путин дозволува доброволци да се борат во Украина

Владимир Путин изјави дека странски доброволци се добредојдени да помогнат во борбата против украинските сили.

„Ја поддржувам таа идеја. Секој кој сака да волонтира во редовите на руските вооружени сили треба да добие дозвола“, кажа Путин на состанокот на рускиот безбедносен совет.
 
Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, 16.000 доброволци од Блиски Исток биле подготвени да се вклучат во руските вооружени сили.
 
Путин исто така го одобри предавањето на заробените американски проектили „стингер“ и „џавелин“ на проруските борци во отцепените региони Доњецк и Луганск.