Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин.
-Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока, информираат од МНР.
На средбата, министерот Муцунски истакнал дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.
Двете страни, се осврнале и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците размениле мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми.
Ново на Сител
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути
-
Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи