Путин бара следење на активностите на некои компании на социјалните мрежи
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските власти треба да ги следат активностите на „некои компании“ на социјалните мрежи за време на претседателската кампања во 2018 година и да се проценува нивното мешање во внатрешната политика.
Путин не ги именуваше компаниите, ниту посочи дали се странски или домашни, додека САД и некои западни држави ја обвинуваат Русија за мешање во нивните избори.
- Мораме внимателно да гледаме како некои компании работат на интернет, на социјалните мрежи и колку се вмешани во нашиот домашен политички живот, нагласи Путин пред парламентарни челници со кои разговараше за новиот закон за „странски агенти“.
Според него, треба внимателно да се анализираат како работат и како ќе работат за време на изборите за претседател. Тој додаде дека тоа не треба да го „намалува просторот“ за слобода на интернет.
Минатата недела Путин потпиша закон со кој им е дозволено на властите да дефинираат филијали на странски медиуми како „странски агенти“, што официјална Москва го претстави како одговор на „неприфатливиот притисок од САД врз руските медиуми“.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка