Македонија
31. January 2018 - 18:52

Пукање попладнево во Скопје - едно лице пренесено во болница

Денеска околу 15 часот и 15 минути на улицата  „Б.Паровиќ“ во Скопје, во близина на берберницата „Прешево“ Т. А. на возраст од околу 35 години бил повреден со огнено оружје.

МВР денеска информира дека тој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полициски службеници се на лице место, каде се пронајдени четири чаури.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.