„Пукај бе братучед“, сцена со калашников во Мојанци како од филмот „Пред дождот“ - братучедот запукал
Вчера околу 10,10 часот било пријавено дека во с.Мојанци-скопско додека И.С (29) излегувал од дворот со своето возило “Опел Вектра“ на патот пред возилото застанал неговиот братучед Е.С (33) со автоматска пушка во рацете, и му рекол на И.С. да го запре возилото вперувајќи ја пушката кон возилото.
И.С. се исплашил и го стартувал возилото во кое што бил и неговиот 17 годишен брат , а веднаш откако го одминал, слушнал како Е.С. испукал неколку куршуми.
Од истрелите нема повредени лица и не била забележана материјална штета на возилото. Најверојатно причина за пукањето, според првични сознанија, е тоа што И.С. пријавил дека на 28.05.2018 година, Е.С. физички го нападнал.
На местото на настанот бил извршен увид и пронајдени и подигнати биле две чаури од автоматска пушка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
СДСМ обвинува за селективна правда за Кочани
-
ДЗР: 7,5 милиони денари потрошиле кандидатите за претседатели
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот