Првиот турски брод за итни случаи помага во гаснење на пожарите
Првиот турски брод за итни случаи „Нене Хатун“, помага во гаснење на шумските пожари, и пристигна во подрачјето на провинцијата Мугла. Овој брод, долг 88 метри и широк 18 метри, обезбедува помош во итни ситуации веќе шест години.
Меѓу другото, бродот има болница со можност да прими 20 пациенти, а на него работат повеќе од 40 членови на екипажот во смени.
Инаку, овој брод, покрај гаснењето пожари, има и бројни улоги на отворено море, како спасување жртви од бродоломи, нуркачки спасувачки мисии, детектирање на загадување на морето… На него има и хелиодром, а направен е да ги издржи сите временски услови. – Од вкупно 208 шумски пожари во 44 градови во Турција, 196 се ставени под контрола, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Шумските пожари се активни во уште пет градови: Анталија, Мугла, Испарта, Ајдин и Денизли. Продолжуваат активностите за нивно ставање под контрола.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори