Спорт плус
29. August 2015 - 16:07

Прв светски рекорд на Мундијалот во Пекинг

 
Претпоследниот ден на Светското првенство во атлетика во Пекинг, го донесе и првиот светски рекорд на Мундијалот.
 
За тоа се погрижи, Американецот, Ештон Итон кој до златото во најсестраната  дисциплина, десетобојот, освои вкупно 9.045 поени и за шест поени го надмина досегашниот рекорд кој, исто така, беше во негова сопственост.
 
Покрај Итон, на подиумот се искачија и Демијен Ворнер од Канада и Рик Фрајмут од Германија со 8.561 бода.
 
За поставениот светски рекорд Американецот, Итон ќе заработи и 100 илјади евра.