Прв академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип
Со новиот закон се подобрува квалитетот на високо образование, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми кој денеска присуствуваше на првиот академски час на студентите што во 2018/2019 се запишаа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
- Универзитетите ги сметаме за партнери во овој процес, без нив не можеме да постигнеме резултати. Затоа тој партнерски однос треба да се негува и мора заедно да работиме на подобрување на квалитетот, рече Адеми, нагласувајќи дека на студентите им требаевропско обраозвание.
На прашањето дали некогаш ќе се реализира изградбата на студентски дом во Штип, Адеми одговори дека капиталните проекти се приоритет на МОН.
- Очекувам во наредниот период при подготвување на буџетот за 2019 година да седнеме заедно со ректорите на јавните универзитети и да видиме кои се потребите, иако ние знаеме кои се потребите. Но, уште еднаш да направиме приоритетни проекти за сите универзитети за да се подобри ситуацијата, изјави Адеми.
Ректорот на Штипскиот универзитет Блажо Боев соопшти дека на 12 факултети и три академии на УГД се запишани 1 700 студенти и околу 70 од странство.
- Сакам да им посакам успешно студирање на младите, на новите студенти, сакам да им посакам добар живот во Штип. Сакам да им посакам најубавите години од својот живот да ги поминат во овој град и да стекнат знаење со кое утре ќе се справат со предизвицитет, а тоа е секако широкиот пазар на Европската Унија, рече Боев.
Ново на Сител
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември
-
Поради сообраќајка по една коловозна лента се одвива сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка