Протестот на граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата
Протестот што вечерва го организираше граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата.
Поворката, како и изминатите денови, почна од пред Специјалното јавно обвинителство и низ центарот на градот продолжи кон Собранието на Република Македонија. Од таму демонстрантите продолжија кон Владата, поминувајќи покрај Министерството за надворешни работи, врз кое фрлаа балони со боја.
Од „Протестирам“ и вечерва ги повторија своите барања, меѓу кои се повлекување на одлуките за аболиција и за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, оставка на претседателот Ѓорге Иванов, присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањето на кризата и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Ново на Сител
-
Наскоро нови 500 милиони евра од Унгарија
-
ДКСК: Синот на Мицкоски сам си платил за престојот во САД
-
Раскинат договорот со фирмата која ги хранеше војниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Аналитичари: Ако се укине балансерот, можни се турбуленции во политиката
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во тетовско Слатино
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Преглед на вести од светот