Македонија
10. October 2024 - 19:48

Стравичен случај во Ѓорче

Двајца првооделенци од Димитар поп Георгиев Беровски во Ѓорче Петров, се обиделе да силуваат свој соученик. Грозоморниот чин сакале да го направат со стаклено шише. Случајот се одиграл во дворот на училиштето, а обидот за силување во полиција го пријавил таткото на детето.

„Во СВР Скопје, 44 годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 11 до 15 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои со тврд предмет се обиделе да извршат полово дејствије врз него“

Детето веднаш ја информирала наставничката, но според инфомрации на Сител, таа не превзела ништо. Пријавата во полиција пристигнала во вторникот доцна попладне откако бил извршен лекарси преглед врз детето.

Со случајот биле запознати и локалните власти.. На итен состанок со надлежните од училиштето, суспендирана е наставничката на одделението во кое заедно учеле трите деца. За петмина наставници пак се бара дициплинска постапка. Оставка поднел и директорот на школото.

Како што информираат од општината, во меѓувреме на разговор биле повикани родителите на децата, а училишните служби работат со класот првооделенци. Од полицијата пак велат дека се работи на расчистување на случајот.